Branka Novkovska J.

Македонија, Скопје

Sport DNK

Фотографии

Објави

Божиќна баклава

За фантастичен финиш на вашата божиќна трпеза. Проверен рецепт! Имајте убави Божиќни празници...

Фокача со рузмарин

Вкусното италијанско лепче може да се направи во многу варијанти, а особено ароматична е оваа со свеж рузмарин...

Банана суши

Појадок пред трка или десерт без поголема грижа на совест...

Гнезденца

Кога не знаете како да го потрошите стариот багет, претворете го во вкусни гнезденца...

Буковки со пелати

Ароматично подготвени буковки за да ви дадат доза протеини и многу ликопен...

Еврејска паштета

Сардината изобилува со омега 3 и омега 6, богата е со протеини и витамини, а особено со витаминот А, Д и Е. Бидејќи е ситна риба и се наоѓа ниско на синџирот на исхрана,...

Орешник

Или слободно може да го наречеме солена баклава. Се подготвува во западните делови од земјава и тоа ексклузивно како дел од менито на Бадниковата вечера, а внатре домаќинките го ставале и паричето кое носи...

Колачиња „Добро утро“

Одлични и здрави колачиња за комбинирање со утринско кафе и за сите обожаватели на крем бананки.

Десерт од смокви

Несекојдневни и вкусни смокви на кои одлично им прилега топка од ванила

CROQUE MONSIEUR

Kласичен француски сендвич на македонски во К4Т стил за појадок или вечера, сеедно... мезе или оброк, зависи колку калории сте потрошиле во текот на денот... во секој случај убаво.

Палента со зеленчук

Брзо и едноставно, но вкусно и хранливо. Можете да експериментирате со додатоците како на пример со лук кој што ќе го обогати вкусот и хранливоста на палентата... но доколку немате потреба од социјализација и...

Интегрален ѕвезден крекер

Брза, едноставна и здрава закуска. Можете да ја понесете со вас за да ви се најде во кризни моменти пред да посегнете по ”празни” калории.

Полнети пиперки со ореви

Бидејќи пиперките ни се во крвта и традицијата, ви нудиме уште една варијанта на полнети пиперки. Овој пат специјалниот додаток се оревите. Останатите варијанти што веќе ви се на располагање се

Гулаш со буковки

Едноставен, допадлив, неодолив начин да ги разбиете стереотипите за гулаш.

К4Т коцки за супа

Домашни коцки што во секое време можете да ги искористите за супи, гулаш, сосови, пасти, но и за орална рехидратација, бидејќи изобилуваат со многу минерали и витамини. Нема адитиви, а можете да ги прилагодите...

Пире од тиква

Ако ви здодеа класиката пире од компир, пробајте ја оваа комбинација сега, кога тиквите се во сезона.

Cookies со овесни снегулки

Супер нутрициска закуска која може да ја понесете со себе за пред тренинг или за на работа/училиште. Направени според рецептот на Наде Маневска.

Пилешки ќофтиња

Феноменални, ароматични ќофтиња со ниска калориска вредност. Како додаток, наш предлог е печен ориз со куркума и соја сос.

Слатки кнедли

Прекрасен зимски десерт што може да послужи и како оброк. Ако ви доаѓа премногу презла и шеќер, секогаш можете да ги изроните од кнедлата за да и ја намалите калориската вредност. 

Паста со пилешко и павлака

Протеинска паста за зголемување на енергијата и мускулната маса. Се разбира во комбинација со соодветен кардио и силов тренинг. 

Интересни и несекојдневни!

Солени залачиња од тиква

Несекојдневни лапни-голтни залачиња за оние што сакаат да експериментираат со вкусови. Хранливите бенефити се присутни како и да е...

Царски сос за шпагети

За да му дадете нова димензија на јаглехидратниот оброк и да се чувствувате царски после тоа, еве еден лесен рецепт за доматен сос.

Филувани трупки

Трупка, една голема кулинарска енигма... Освен да ја изрендате во салата, Ви текнало ли да пробате и нешто друго со нив?! Ако не, ова е одличен рецепт за трупките да станат и главен оброк.

Компир во фолија

Ако ви се пријаде поздрава варијанта на јаглехидрат, тогаш овој рецепт ви е добитна комбинација!

Запечен спанаќ со сирење

Ако минатите денови ви поминаа во конзумирање потешки оброци, денес можете да пробате една полесна и брза вегетаријанска варијанта што ќе ви даде енергија за тренинг, а сепак ќе се чувстувате лесно... се разбира,...

Карфиол на поинаков начин

Одлична закуска со ниско калорична, а високо хранлива вредност. Ако направите поголема количина може да ви замени и цел оброк.

Пилешки гради со грозје

Интересен есенси експеримент за љубителите на месо, комбинација со загарантирани протеински и сетилни придобивки.

Тиква со рузмарин

Тиквата е сезонски продукт што не смеете да го избегнете. Плени на вкус и мирис, но и со нутритивните својства. Затоа, ако ви здодеала варена или печена, пробајте ја оваа варијанта. Можеби малку покалорична,...

Освежителен доматен сок

Ќе ве освежи и ревитализира по напорните активности. Без адитиви, конзерванси и стабилизатори, природно 100%!

Карфиол во круг

Пробајте го рецептот нема да зажалите! Карфиол на еден поинаков начин...

Просо во црвена пиперка

Бидејќи македонштината е тешко да се искорени, а нема ни потреба, во сезоната на црвени пиперки освен ајвар можете да си направите и едно вакво рецептче. 

Рузмаринки

Одлични колачиња за старт на денот со шолја утринско кафе.

Крем супа со пашканат

Вкусна витаминска крем супа, која ќе ве хидрира и лесно ќе ве најаде во топлите летни денови.

Летен салатен ручек

Во летните горештини не ни паѓа на памет да седиме над шпорет и да готвиме или пак да конзумираме тешки оброци. Затоа се одлучивме за нешто полесно, а здраво...

Печени компири со рузмарин

Сега е сезоната на млади компирчиња која мора да се искористи со многу вкусни рецепти. Ова е навидум лесен рецепт, но да се погодат компирите  (сочни, малку крцкави, а не суви или недопечени) не...

Јогурт тава

Оди соло без проблем, но и како прилог со било какво месо. 

Сарми со блитва

Вкусна ручек идеја за престојниот викенд. Имајте пријатен гурмански и активен викенд! 

Чорба од коприви

Кај англосаксонските народи копривата е симбол на молњата. Познато е дека громовите навистина не удираат во коприва па затоа од таму доаѓа и поговорката ”не сака гром во коприва”... Во алпските села на пример...

Попај Палента

Палентата се служи топла (не врела) со јогурт или со кисело млеко. Може да се додаде и доматен сос. Уживајте во лесниот и хранлив доручек!

Брзата пита “Итрица”

Вкусен доручек кој ќе ви ја даде потребната енергија за работниот ден. Може да послужи и како предјадење на лесен ручек.

вкусно, вкусно, вкусно!

Брзи домашни соленки

Се мезат со секакви макала, а можете и така да ги грицкате... За опуштање со пиво се одлична комбинација како замена за нездравите и мрсни грицки.

Посно тавче

Мевлем за стомак и за здравје. Посно тавче за посните денови. А кој што сака може и да го појача!

Брз, топол ручек

Ние го ручавме само овој ручек, богат со нутрициенси и лесен за преработка по напорниот работен ден...

Веге компир по Македонски

Многу вкусен ручек... може како прилог да се додаде и туршија во зимски услови. А за месарите и некое месо по вкус.

Здрав минерално-витамински сусамов зачин

Гомасио

Сусамот содржи калциум, цинк, магнезиум и Б1 витамин што го прави одличен додаток, особено за вегетаријанците и веганите.

Веге чорба

Чорба Чок, Месо Јок

   1 среден кромид 2 моркови поголемки 3 средни компири 1 пашканат 1/2 кг брокула 2 лажици просо 2-3 чешниња лукче сол и бибер според вкус масло или путер павлака или кисело млеко леб...