Тиквени Њоки
Пријатен појадок за еден спортски исполнет ден.
- 500г варена тиква
- 150г брашно
- 1 јајце
- 2 лажици маслиново масло
- 80г рендан кашкавал
- мускатно оревче
- природна сол
- цимет
Подготовка
1. Сите состојки се мешаат, се блендираат и се замесува смеса.
2. Се формираат њоки со лажици и се варат постапно во зовриена солена вода.
3. Кога ќе бидат готови тие самите ќе испливаат на површина.