Космичките торти на Стивен Мекарти

Не можеме да судиме за вкусот, далеку е Лос Анџелес, но за калеидоскопиве симнуваме капа. Овој е еден од оние инстаграм профили кои не можете да престанете да ги превртувате одново и одново.
Овие експлозии од бои се веганските сурови торти на Стивен Мекарти. Состојките кои ги користи се целосно растителни и природни, а интензивните бои ги добива од спирулина, бобинки, малини, рогач…