Доматно чорбиче

Лесна чорба богата со ликопен…

 
  • 1 кромид
  • 3 моркови
  • неколку листови целер
  • 1 литар доматен сос
  • 3 лажици маслиново масло
  • сол и бибер според вкус
 

1. Кромидот ситно се сецка, а морковите ситно се рендаат на ренде.

2. На загреано маслиново масло најпрво се запржува кромидот, потоа се додаваат морковите, се налева 1 литар доматен сос и половина литар вода.

3. Чорбата се зачинува по желба и се вари околу 10 минути, а потоа се додаваат листовите целер.

Уживајте…

Автор

Branka Novkovska J.

Скопје

Македонија