Посно тавче

Мевлем за стомак и за здравје. Посно тавче за посните денови. А кој што сака може и да го појача!

 
  • 1 кромид / ситно сецкан
  • 1 морков
  • 1 пашканат / сецкан на коцки
  • 5-6 печурки (шампињони)
  • 5 компири (средни)
  • 1 шолја karas4training ориз (200мл)
  • магдонос
  • бибер и сол според вкус
  • може и буковец (за љубителите на лута храна)
  • 2 шолји вода
  • маслиново масло
 

Подготовка

1. На малку масло се пропржуваат кромидот, пашканатот и морковот, а при крај се додаваат и печурките.

2. Потоа компирите се сечат на коцки, се ставаат во тавата заедно со останатите состојки и се зачинуваат со посакуваните продукти.

3. На крај се додава и магдоносот и тавата се полева со вода.

4. Се пече во рерна на 180 степени додека не испари водата.