Македонско макало (зимска верзија)

Парче сирење, парче леб и макалцево… Друго ништо не ви треба!
- 10 сушени благи пиперки
- 10 сушени лути пиперки
- 1 страк праз
- 500 мл доматен сос
- сол
- масло
1. Сувите пиперки се потпекуваат на ќумбе, рингла, плинско или било кое друго грејно тело со кое располагате.
2. Пиперките се толчат со сол и ситно сецкан праз. Се додава доматниот сос и на крај макалцето се прелива со неколку лажици врело масло.