Супа од домати (Клин чорба)
Топла доматна супа за убава вечер или ден…
- 500 мл сок од домати
- 700 мл вода
- 2-3 гранчиња целер
- 80 грама ориз
- сол бибер
- маслиново масло
- ким и босилек за декорација
1. На загреано масло се пропржува ситно исецкано лутото пиперче и се налева сокот од домати и водата.
2. Сето заедно се проврива и се додава оризот кој претходно сме го свариле.
3. Се додаваат и останатите состојки, се зачинува по желба со сол и мелен црн бибер и супата се остава на оган уште 5 минути.
4. Се декорира со ким и листови босилек.
На здравје!