Ослич во доматно пире

Лесен и посен оброк кој не одзема време…

 
  • 500 грама филети од ослич
  • 200 мл доматно пире
  • 1 мало кромитче
  • 2 чешниња лук
  • гранче рузмарин
  • 1/2 лимон
  • 4 лажици маслиново масло
  • сол, бибер во зрно
 

1. Филетите се одваруваат во солена вода околу 10 минути, а потоа се редат во намастено тавче. 

2. Се налева доматно пире и се зачинува со рузмарин, парчиња лимон, бибер во зрно, лук и кромид.

3. Се пече на 200 степени околу 15 минути во загреана рерна.

 

Автор

Branka Novkovska J.

Скопје

Македонија