Брза салата со јагоди и спанаќ
Хранлива сезонска салата со еден поинаков вкус што ќе ви делува благопријатно на сетилата…
- 300г спанаќ
- 300г јагоди
- 50г бадеми
- балсамико
- морска сол
Подготовка
1. Спанаќот се кине на крупно и се додаваат јаготките сецкани на четвртинки.
2. Бадемите се печат и се сецкаат на крупно, а потоа се додаваат на салатата.
3. На крај се зачинува со балсамико и сол.