Рижото со морски плодови

Вкусно рижото кое ќе ви го приближи морето…

 
  • 300 грама варен ориз
  • 500 грама смрзнати морски плодови
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 домат
  • магдонос, босилек
  • сол и бибер
  • цеден лимон
 

1. Кромидот се сецка на месечники и се пропржува на масло за готвење, па се додава лукчето сецкано ситно.

2. По неколку минути се додаваат морските плодови и се пржат заедно 5-7 минути со мешање, а на крај се додава однапред сварениот ориз и останатите зачни и билки.

3.Лесно се промешува 2-3 минути и се трга од оган. Пред јадење се попрсува со сок од лимон.