Ситнорибесто мезе ала Баки

 
  • 1кг ситна риба (плашичиња, белвичиња, сардинчиња)
  • 100мл бело вино
  • 250мл масло
  • 2 лимони
  • неколку дафинови листови (ловор)
  • мелен бибер по желба
  • крупна морска сол по желба
 

Подготовка

1. Ситната риба се чисти и се реди во круг, во големо тенџере.

2. Рипчињата се посипуваат со бело вино.

3. Потоа се додава маслото, сокот од лимон, бибер и сол и дафиновиот лист.

4. Покриените рипчињата заедно со течните додатоци треба да се варат на тивко додека не остане само маслото. 

5. Толку!

 

 

Сигурно ви е јасно колку се неопходни малите рипчиња при превентивата на остеопороза и нормално како здрава и вкусна храна!