Цезар во вегетаријанско издание
Вусна, лесна, брза и хранлива! Оваа салата има уште многу повеќе епитети, ама да не должиме многу, туку да фатиме вилушките…
- За едно лице:
- 3-4 листа зелена салата
- 1 јајце
- 5-6 маслинки
- 1 парче интегрален леб
- 1 чешне лук
- парче бело сирење
- 1 лажица пармезан
- 1 лажица балсамико
- 1 лажица масло од лен
- сол и бибер според вкус
1. Јајцето треба да биде тврдо варени и изладено, па почнете со него.
2. Салатата се цепка на крупни парчиња, а лепчето се потпекува во рерна или на тостер да крцка, па се сече на триаголници.
3. Јајцето се сече на четвртинки, се ситнат маслинките на тркалца и сирењето на коцки.
4. Во подлабока чинија за служење, прво се става зелената салатам па крутоните и одозгора јајцето сирењето и маслинките.
5. Се зачинува со оцет и масло, се наросува бибер и сол, па се попрскува со истолчено лукче и пармезан.