Бамји со домати

Прекрасно и здраво лесно манџиче…

 
  • 1/2 килограм бамји
  • 1/2 килограм домати
  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажичка коријандер
  • 1 лимон
  • целер
  • масло
  • сол, бибер
 

1. Се пропржуваат исецкани кромидот и лукот, а потоа се додаваат бамјите. Се заедно се динствува 5-7 минути.

2. Се додаваат доматите изрендани или домашно пире од домати и сите останати додатоци.

3. Се промешува повремено и внимателно бамјите да останат цели.

4. На крај се додава сок од лимон и свеж сецкан целер.