Мачкало од јагоди
Сезонско, енергетско и вкусно мачкало за слатка жичка на парчето леб…
- 200 грама јагоди
- 150 грама путер
- 3 лажици мед
- 2 лажици сок од лимон
1. Јагодите се блендираат со мед и лимон, а потоа се зовриваат за смесата малку да згусне.
2. Кога ќе се подоладат, но се уште се топли, се додава путерот и интензивно се меша, за путерот да се растопи, по потреба садот се враќа на рингла.
3. Се пакува во теглички и се остава на ладно.