Зелени канелони во црвен сос
Лесна летна варијанта за полнети канелони.
- 1 кутија канелони
3 јајца
400 грама кравјо сирење
15 листови блитва
500 мл домашен доматен сок
1. Во длабок сад се ситни сирењето и се меша со јајцата и исецканата блитва.
2. Смесата се зачинува со бибер и сол по потреба.
3. Канелоните се полнат со приготвената смеса и се редат во подлабок сад за печење.
4. Во садот за печење врз канелоните се налева доматното пире и се печат 30 минути на 200 степени целзиусови.