Здрав минерално-витамински сусамов зачин
Гомасио

Сусамот содржи калциум, цинк, магнезиум и Б1 витамин што го прави одличен додаток, особено за вегетаријанците и веганите.
- сусам (интегрален, обичен)
- крупна морска/хималајска сол
Подготовка
1. Главни и единствени состојки на овој рецепт се сусамот и морската сол кои одат во однос 8:1.
2. Во суво тавче се става сусамот и на тивок оган се пече споро и цело време се меша за да не изгорат семчињата.
3. По 15тина минути сусамот добива златно-жолта боја и почнува да пуцка што значи дека е готов.
4. Сусамот се става во дрвен сад, му се додава морската сол и се толчат лесно за да се добие хомогена смеса.
5. Се користи како здрав и вкусен зачин во сендвичи, компир, ориз, салати, омлет и многу други јадења.
6. Се чува во тегла.