Краставица со сусам

Одлична ужинка за освежување…

 
  • 1 краставица
  • 100 мл павлака
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици препечен сусам
  • сол и бибер
  • мента
 

1. Краставицата се сече на половина по должина и од средината се вади делот со семките, се прави вдлабнување.

2. Павлаката се меша со толчено лукче, сол и бибер и со смесата се полнат длабнатинките во краставицата.

3. Се наросува препечен сусам или уште подобро со гомасио.