Благи пржени лепчиња
Пробајте ги старите добри пржени лепчиња во благо руво.
- суви сечени кришки
- 2 јајца
- шолја млеко
- прстофат цимет
Подготовка
1 Се подготвува смесата од јајца, млеко и цимет.
2 Интензивно се меша, а потоа се натапкуваат кришките од двете страни.
3 Се пржат на путер додека не пожолтат.