Домашни шарени јуфки

Македонската класика за појадок во пребоена варијанта.

 
  • 15 јајца
  • 1/2 литар млеко
  • 2,5 килограми брашно тип 400
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 килограм морков за жолтите или 1 килограм спанаќ за зелените јуфки*
 

1. Разликата меѓу овој и традиционалниот рецепт е тоа што ќе добиете шарени јуфки.

2. Најпрво се подготвуваат морковот за портокаловите јуфки и спанаќот за зелените јуфки. Морковите се лупат, спанаќот се мие, се варат посебно, а потоа се блендираат со по половина литар млеко.

3. Сите состојки за јуфките се соединуваат и се замесува поцврсто тесто. Кој знае може јуфките да ги сука на рака, а за полесно може да користите машинка за јуфки.

*ако сакате и од двата типа, дуплирајте ја дозата.