Гулаш со буковки
Едноставен, допадлив, неодолив начин да ги разбиете стереотипите за гулаш.
- 500г буковки
- 2 кромид
- 2 морков
- 2 компир
- 4-5 чешниња лук
- 1 лажица брашно
- 1 лажица буковец (може лут)
- магдонос
- природна сол
- бибер
- 4 лажици маслиново масло
Подготовка
1. Буковките се сечат на крупни ленти.
2. Морковите и компирот на крупни кругови и коцки, а кромидот на месечинки.
3. Се зачинува со бибер и сол и се полеваат со околу 500-700мл вода.
4. Тенџерето се покрива и гулашот се вари околу 45 минути.
5. Пред крај се додава сецканото лукче и магдоносот.
6. Кога ќе се излади малку се додава и маслиновото масло.