Печен праз со ајдамер

Вусно мезе кое одлично оди со чаша црвено вино…

 
  • 4-5 страка праз
  • 1 лажица путер
  • 100 грама ајдамер
  • малку чили во прав
  • мукатно оревче
  • сушен магдонос и оригано
  • бибер
 

1. Празот се сече попречно на стапчиња од по една педа, а потоа се сече и по должина.

2. Се проржува на путер заедно со миродиите и се додава 100 мл вода, да се динста околу 15 мин.

3. Се реди во тава и се покрива со лентички ајдамер или било кој друг мек кашкавал, а одозгора се наросува малку чили.

4.Се пече на 200 степени, додека кашкавалот убаво да се стопи.