Пченични крцкалчиња

 Поздрави домашни пченични грицки. Можете да ги комбинирате со што сакате.

 
  • 500г палента (1 пакување)
  • 20г путер 
  • 40г пармезан
  • 1 лажица рузмарин (мелен)
  • 1 лажица мајчина душица
  • крупна морска/химлајска сол по вкус
  • (крем додаток)
  • 200г сирење
  • 200г павлака
  • младо кромидче
  • сол, бибер, буковец по желба
 

Подготовка

1. Палентата се вари по упатство, а потоа се истура во соодветна тепсија.

2. Треба да внмавате дебелината на распоредената палента да не биде поголема од 1цм. 

3. Одозгора се посипува со пармезан, рузмарин и мајчина душица.

4. Се пече на 200 степени, околу 30-40 минути.

5. На крај се сече на парчиња и се служи со прилог по ваша мерка. 

Додаток

1. Кремот е готов за минутка. Се сеече кромидчето се додаваат сите прилози и се меша додека не се создаде кремаста смеса.