Цвекло салата со лук и ореви
Убава салата за прочистување по викендашките трпези…
- 500г цвекло
- 100г ореви
- 3-5 чешниња лук
- 100мл јаболков оцет
- магдонос
- бибер
- крупна морска/хималајска сол
Подготовка
1. Цвеклото се вари, а потоа се сецка на покрупни парчиња.
2. Цвеклото потоа се става во сад каде се полева со предходно истолченото лукче и ореви.
3. На крај се додаваат останатите состојки заклучно со ситно исецканиот свеж магдонос.