Летно мезе – Полнети домати

Свежо и освежително летно безмесно мезенце…

 
  • 4 поголеми домати
  • 100г кравјо сирење
  • 100г варена пченка
  • 100г варен интегрален ориз
  • 1-2 чешниња лук
  • 1 лажиче копар
  • 1/2 шолја јогурт
  • магдонос
  • морска сол
  • бибер
 

Подготовка

1. Доматите се сечат кон горниот дел и се длабат со лажица.

2. Останатите состојки се мешаат и полека се додава јогурт и масло за да се добие хомогена смеса со која ќе се наполнат доматите.

3. Смесата лесно се натиска во доматите, а потоа се ставаат во фриз неколку часа на ладење.