Сливи со павлака

Млечно сладок десерт за енергетско надополнување после тренинг…

 
  • 4 модри сливи
  • 4 лажици павлака
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица мед
  • бадеми
  • семки од тиква
 

1. Сливите се сечат на половинки или ако се покрупни на три парчиња, се вадат семките и се пржат на путер 2-3 минути.

2. Се редат врз павлаката и се посипуваат со мед, сецкани бадеми и семки од тиква.