Булгур – повеќе од скршена житарка

Кога пченичните зрна се сварени, дехидрирани, искршени, па сортирани по големина крајниот резултат е булгур т.е. азиска “паста” ама не е толку важен техничкиот процес како што е вкусот на она што се добива на крај. Во продолжение на рецептот од минатата недела САЛАТА СО БУЛГУР

Булгурот се добива од речиси сите типови на пченица, но најчесто тоа е дурум пченицата. Добрата работа е тоа што добивате полуготов производ и од целосно готов оброк ве делат само 10 минути варење.

Булгурот ќе го најдете во сите продавници за здрава храна и тоа по поволна цена. Далеку поефтин од киноата, а далеку побогат со диетални влакна. Единствено не е погоден за безглутенска диета, затоа што како и пченицата содржи глутен.

Освен најјакиот адут на булгурот – диеталните влакна – кои ги содржи во огромни количини, исто така содржи и големи количини на манган, есенцијален елемент во траги неопходен за правилна функција на нервниот систем, формирање на сврзно ткиво и коагулација на крвта. Освен тоа изобилува и со магнезиум и витамин Б6.

Булгурот е и одличен извор на една супстанца бетаин, важна за црниот дроб, продукцијата на карнитин и намалување на хомоцистеин – аминокиселина која е покачена кај срцеви заболувања. Бетаинот е добро познат во атлетските кругови, па понекогаш е и додаток на спортските пијалоци. Повеќе истражувања даваат позитивни резултати дека оваа супстанца го подобрува перформансот.