Летен салатен ручек

Во летните горештини не ни паѓа на памет да седиме над шпорет и да готвиме или пак да конзумираме тешки оброци. Затоа се одлучивме за нешто полесно, а здраво…

 
  • 1 варено јајце
  • 3-4 маслинки
  • 1 свежа пиперка (лута ако сакате)
  • 1 домат
  • 50г сирење или урда
  • зелена салата (количина по желба)
  • маслиново, сол и други зачини според вкус
  • прстофат чиа семе
 

Подготовка

1. Зелената салата убаво се мие, а потоа се остава во сад со вода и оцет уште 20тина минути за да се исчисти убаво. 

2. Се сецкаат сите продукти, се ставаат во сад за салата и се зачинуваат. 

3. Со интегрален/ржан каков сакате леб или без него, имате брз летен и лесен ручек!

* салатата е доволна за да се најаде 1 лице, а како мезе може да послужи и за повеќе луѓе.