Десерт од смокви

Несекојдневни и вкусни смокви на кои одлично им прилега топка од ванила

 
  • 10 смокви
  • 40 грама путер
  • 40 грама мед
  • 40 мл бренди
  • 1/2 кесичка цимет
  • 30 грама бадеми
 

1. На смоквите им се отсекува дршката и се сечат накрсно, па се редат во тава за печење.

2. Во средина им се става малку путер, мед, сецкани бадеми. Се прелеваат со бренди и се наросува цимет.

3. Се печат во заграна рерна на 250 степени само 7 минути.

4. Се служат со топка сладолед од ванила.