Карфиол, жолт и лут
Убава пикантна сезонска салата со карфиол што ќе ве засити.
- 1 главица карфиол
- 2-3 лажици маслиново масло
- 1 лажиче рендан ѓумбир
- 1 морков
- 1 црвена пиперка
- 1 лажица пире од домати
- 2 лажички кориандер во прав
- 1 лажичка чили во прав или лут буковец
- 1/2 лажичка куркума
- природна морска/хималајска сол
- магдонос
Подготовка
1. Карфиолот се ситни на мали цветчиња и се бланшира само 5 минути за сеуште да биде тврд и крцкав.
2. Морковот и пиперката се сечат на коцки.
3. Во тавче со загреано масло се додава ѓумбирот, а после половина минута морковот и пиперките.
4. Се додава потоа карфиолот и се динстаат околу 10тина минути, а на крај се додаваат и сите останати состојки.