Песто ама со кикирики

Одлично како макало, како летно мезе или на парче домашно лепче…

 
  • 200 грама кикирики
  • 1 шака листови нане
  • 1 шака листови босилек
  • 40 грами тврдо рендано сирење или пармезан
  • сок од половина лимон
  • 50 мл маслиново масло
 

1. Сите состојки се блендираат до потребната конзистенција.

2. Ако смесата е многу густа додадете уште малку маслиново масло.

Кикириките треба да бидат лупени, а пестото подеднакво е вкусно и со печени и со непечени кикирики. 

За да се спасите од додатна работа може да купите готови излупени и смелени кикирики.