Палента со печурки

Поинаква варијанта на класичната палента…

 
  • 1 пакетче палента
  • 500 грама шампињони
  • сол бибер
  • китка магдонос
  • доматно пире
  • путер
 

1. Палентата се вари според упатството на производителот.

2. Се бираат покрупни шампињони и убаво се промиваат, па се пропржуваат цели на путер.

3. Калап (тава) се обложува со фолија и се нанесува половина од свежо сварената палента. Се редат печурките, а потоа се додава и остатокот од палентата.

4. Се остава на ладно да се стврдне, а потоа лесно се сече на парчиња.

Одлично оди во комбинација со домашно доматно пире или кефир.