Рузмаринки
Одлични колачиња за старт на денот со шолја утринско кафе.
- 180г брашно
- 2 лажици свеж иситнет рузмарин
- 120 грами путер
- 60 грами кафеав шеќер (или агавин сируп или мед)
Подготовка
1. Се мешаат брашното и рузмаринот. Путерот и шеќерот пенасто се матат.
2. Го додаваме брашното и замесуваме тесто во дебелина од 1,5 цм.
3. Со калапче вадиме форми и ги редиме во тепсија обложена со хатртија за печење.
4. Се печат 10-15 минути додека не заруменат.