Мусака со блитва

Лесно и здраво веге ручече…

 
  • 500г компир
  • 500г блитва
  • 1/2 урда
  • 5 јајца
  • 2дл павлака
  • морска сол
  • бибер
  • масло
  • (за 4 лица)
 

Подготовка

1. Компирите се сечат на тркалца и во солена вода кратко се варат околу 15 минути.

2. Блитвата се бланшира (во топла солена вода се става и брзо се вади), се сецка на крупно, а потоа се меша со јајцата, павлаката и урдата. По желба се посолува.

3. Се мешаат сите состојки како фил.

4. Потоа се намастува тавче каде се редат компири, па фил, најизменично, се завршува со филот, а од страна се редат последните компири (види фото). 

5. Се пече околу 30 минути.