Компир во фолија
Ако ви се пријаде поздрава варијанта на јаглехидрат, тогаш овој рецепт ви е добитна комбинација!
- компири (количина по желба)
- маслиново масло за готвење
- сол, бибер и буковец
- презла
- 2 кромид
Подготовка
1. Излупениот компир се сече на поголеми парчиња и се вари 10тина минути.
2. Се цеди и се зачинува во сол, бибер, презла и буковец замешани со малку масло.
3. Кромидот се сече на тенки парченца.
4. Потоа компирите и кромидот се истураат во предходно загреано тавче во кое има намастена фолија.
5. Компирите се покриваат со друго парче фолија и се допекуваат уште 30тина минути на 200 степени.