Запечени палачинки со јаглика

Вкусно и пролетно…

 
  • 7 палачинки
  • фил:
  • 200 грама урда
  • 1 јајце
  • сецкани цветови од јаглика
  • прелив:
  • 200 мл млеко
  • 50 грама рендан кашкавал
  • 1 лажица путер
  • 1 јајце
  • цветови јаглика
 

1. Во тава премачкана со путер се реди една палачинка, па се премачкува со фил од урда, јајце и јаглики.

2. Се повторува постапката се додека не се потрошат палачинките и на крај врз последната палачинка се посипува прелив од млекото, јајцето путерот и јагликите.

3. Се пече на 200 степени 10-15 минути, се сече ладно.