„Рециклирано” гравче со паста

Ако ви остане гравче од предходниот ден, но не ви се јаде во иста форма пробајте го овој ектра вкусен комбо…

 
  • 200г грав
  • 300г паста
  • 1 кромид
  • мајчина душица
  • бибер
  • маслиново масло
  • свеж магдонос
  • 3 лажици балсамико
 

Подготовка

1 Пастата се подготвува по упатство.

2 Кромидот се сецка на тенки полумесечинки и малку се пропржува.

3 Се додава гравчето со сите миродии.

4 Веднаш се трга од оган и се заладува.

5 Смесата со гравчето се полива преку подготвената паста.