Чорба од јаглики
Пролетна супа за будење од зимски сон и за ревитализација.
- 2 лажици путер
- 250 грами цветови од јаглика
- 3 лажици брашно
- 1 коцка за супа
- природна сол и бибер
- павлака
- 1 лимон
- нане
Подготовка
1. На загреан путер се става брашното и се пропржува околу 5 минути, да остане светло.
2. Се додава топла вода, околу 1-1,5 литри, притоа мешаме постојано за да не се направат грутчиња.
3. Во провриената каша ги спуштаме исецканите цветови од јаглика и коцката за супа.
4. Зачинуваме по желба и оставаме да поврие 20-тина минути. Во оваа фаза за да го збогатите вкусот може да додадете и малку нане.
5.Послужуваме со лажица павлака и сок од лимон.