Викендов го посетивме “The North Park” – затворениот скејтпарк во Солун. Доживување кое вреди злато!

На скејтпарк во Солун

Скејтпаркот е единствен затворен скејтпарк во регионов. Изграден е од полската скејт-градежна фирма Tech Ramps. Погоден и за почетници и за поискусни. Одлично место за возење и дружба!

Скејтпаркот е сместен веднаш до познатиот шопинг центар “Cosmo”. Лесно се наоѓа кога од food corner-от во Cosmо ќе се излезе надвор пешки, на првиот кружен тек се врти лево и само право по улицата. Улицата од Cosmo до Northpark e одлична за возење со скирол, ролери или БМХ со благ даунхил. На околу 600 метри после кружниот тек од левата страна ќе го видите влезот во скејтпаркот.

Во дворот околу скејтпаркот има Dirt стаза за BMX и DJ велосипеди. Скејтпаркот се простира на околу 2.000 м2 од кои 1.500 се под кров. Најголемиот дел од објектот преставува самиот скејтпарк но пред да се влезе во него има пријатно место за одмор составено од кафе-бар во кој можете да купите пијалоци и сендвичи. Во склоп на кафе барот има и скејтшоп за во случај да ви притреба некој дел. Во него може да се изнајми и опрема. За деца задолжително е носење на кацига која исто така може да се изнајми. За постарите носење кацига е пожелно но не и задолжително.

Влезот во скејтпаркот се наплаќа 5 евра за цел ден.

Автор

XMKD.com

Скопје

Македонија