Веге чорба

Чорба Чок, Месо Јок

 
  •  1 среден кромид
  • 2 моркови поголемки
  • 3 средни компири
  • 1 пашканат
  • 1/2 кг брокула
  • 2 лажици просо
  • 2-3 чешниња лукче
  • сол и бибер според вкус
  • масло или путер
  • павлака или кисело млеко
  • леб по желба
 

Подготовка

1. Сите состојки се варат додека не омекнат, освен брокулата. Таа се додава 2-3 минути пред крај.

2. Потоа сварените состојки се ставаат во бледер и се пасираат.

3. Густината се прилагодува со додавање на вода.

4. Супата се зачинува со сол, бибер и масло (по избор маслиново масло или путер)

5. И се додава павлака или кисело млеко како убав додаток при конзумирање.

6. Толку.

Прекрасен микс на минерали, витамини и растителни влакна за да се задоволи цел ден…