Екологика

Хакирај го секојдневниот живот

Опкружени сме со производи кои се лошо дизајнирани, лесно се кршат, и имаат краток век на траење. Приморани сме повторно да купуваме нови производи само поради неможноста за поправка на скршените… Е сега, ајде да го хакираме сето тоа.

Работите се кршат, стануваат некорисни и сме приморани да ги фрлиме како отпад. Зошто да купуваме нови производи секогаш кога само одредени делови се скршени на оние кои веќе ги имаме? Зошто да плаќаме многу повеќе само за подобар дизајн на производите?

Епа не треба, наместо тоа можеме да ги хакираме тие кои веќе ги имаме и да уживаме многу подолго во нивната корисност.

Разбуди го мајсторот во тебе и хакирај.

Со такви размислувања започнала приказната за Sugru, најмоќниот магичен материјал со кој секојдневните производи и објекти можат многу лесно да се поправат и да имаат многу подолг век на траење.

 

Sugru е чудесна нова силиконска гума која овозможува секој да прави, да поправа и да модифицира работи кои ги користи секој ден. Се калапи како тесто, се лепи на скоро секаква површина и се претвора во силна флексибилна гума во текот на една ноќ.

По 6 години и над 5000 тестирања и усовршувања, тимот успеале да го создадат Sugru и да го пуштат во продажба во 2010та, со првите 1000 пакувања распродадени за 6 часа а следните 2000 резервации за достава распродадени за 10 часа.

 

Истата година, од магазинот Time, Sugru е оценет како 22ри најиновативен производ во светот за 2010 (iPad’от на листата е 34ти).

Зошто е толку добар пронајдок?

Промовира поправање на употребливите, а не купување на нови производи, со тоа се намалува отпадот, има над илјада различни можности за употреба, неверојатно е лесен за користење, ја зголемува креативноста, и надобро од се – создава поголема слобода и моќ на обичниот човек да се справи со секојдневните проблеми.

А пази го и ова со магнетиве!!