Зелена мусака со кељ

Вегетаријанска зеленчукова верзија, лесна и брза за припремање.

 
  • 1 кељ (околу 1/2 кг)
  • 1 лименка пченка
  • 2 главици кромид
  • 2 моркови
  • сол и бибер
  • масло
  • оригано
  • Прелив:
  • 200 мл павлака
  • 2 јајца
  • 100 грама рендано сирење
 

1. Листовите кељ се обаруваат во врела вода околу 5 минути. Одвојуваме 8-10 цели листови, а остатокот се сецка на парчиња

2. Кромидот и морковот се сецкаат и заедно со пченката се пропржуваат на загреано масло. Во длабок сад се мешаат состојките за преливот заедно со исецканите листови кељ.

3. Во намастена тава се редат листови кељ, па се става од зеленуковата смеса, а одозгора се става од преливот, па тавата се покрива со нов слој листови и останатиот прелив.

4.Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути, додека да фати коричка.