Веге сарми од грав
Зимски вегетаријански ручек со многу хранливи придобивки.
- (2 порции по 3 средни
- сарми)
- 150г бел грав
- 1/2 кисела зелка (средна големина)
- 1 страк праз
- 2 чешниња лук
- суви пиперки
- дафинов лист
- масло
- природна сол
- бибер
Подготовка
1. Гравчето се вари без сол и се исцедува.
2. Во тавче на заграно масло се пропржува празот и лукот (предходно ситно исецкани), а на крај се додава гравчето, сол, бибер и лесно се мешаат.
3. Се виткаат сармите со смесата и се редат во плех или керамички сад.
4. Одоздола се посипува ситно сецканата зелка, па сармите, а одозгора се става црвена пиперка и дафинов лист.
5. На крај, садот се покрива со два поголеми листови зелка.
6. Одозгора се полива со малку јува и неколку лажици масло.
7. Се пече во рерна на 180 степени, додека не испари течноста.