Пуслици од компир

Стариот добар компир, во една поинаква презентација…

 
  • 350 грама компири
  • 2 јајца
  • 2 лажици путер
  • 3 лажици павлака
  • 50 грама пармезан
  • 1/2 шолја млеко
  • мускатно оревче
  • сушен магдонос
  • сол и бибер
 

1. Компирите се варат, а потоа се пасираат во пире.

2. Пирето од компири се меша со сите останати состојки.

3. Се добива смеса која се става во шприц.

4. Со помош на шприцот се формираат пуслиците на хартија за печење.

5. Плехот се става во загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути.