Чипс со жалфија
Ароматичен и крцкав…
- Неколку компири
- ливчиња свежа жалфија
- масло за пржење
- црн бибер
- белка од јајце
1. Компирите се лупат и се сечат на тенки резанки како за чипс.
2. Секоја резанка се премачкува со белка од едната страна.
3. Се реди по едно ливче жалфија и се склопуваат две резанки како сендвич.
4.Така залепени се пржат на загреано масло и се зачинуваат со сол и бибер по желба.