Филувани трупки

Трупка, една голема кулинарска енигма… Освен да ја изрендате во салата, Ви текнало ли да пробате и нешто друго со нив?! Ако не, ова е одличен рецепт за трупките да станат и главен оброк.

 
  • (за четири лица)
  • 8 трупки
  • половина страк праз
  • 2 моркови
  • 5-6 свежи шампињони
  • 50 грами кашкавал
  • 1-2 лажици путер
  • 1/2 шолја јогурт
  • сол, бибер
  • 1 лажиче кари
 

Подготовка

1. Трупките се лупат, а на горниот дел им се прави длабнатинка. Во солена зовриена вода, се варат околу 10 минути.

2. Трупките се вадат, а во истата вода се бланшира празот 2-3 минути, се вади и веднаш се полева со ладна вода за да ја задржи бојата.

3. Морковот се ренда ситно, печурките се сецкаат и се пропржуваат на путер додека да омекнат. Се зачинуваат, и со таа смеса се полнат трупките.

4. Во огноотпорен сад се реди празот, одозгора наполнетите трупки и врз секоја трупка се става парче кашкавал. Се полеваат со јогурт и така се печат 20-30 минути, на 180 степени.