Утрински сендвич

За пред некоја рекреативна тура…

 
  • 1 јајце
  • 2 парчиња леб
  • 1 парче сирење
  • босилек
  • рузмарин
  • црн бибер
 

1. На малку масло се пржи јајцето на „око”.

2. На запечено лепче се става парче сирење и врз него испрженото јајце.

3. Се посипува со свежите мирудии и се поклопува со испечено лепче.

Ако успеете да одолеете, сендвичот е еднакво вкусен и по подолго време.