Сушени шери доматчиња во маслиново масло

Превкусен ароматичен додаток за домашни брускети.

 
  • 300 грама шери доматчиња
  • 100 грама маслиново масло
  • 3-4 чешниња лук
  • 10 ливчиња свеж босилок
  • сол
 

1. Доматчињата се сечат на половинки и се распоредуваат на готварска хартија. Се посолуваат и се додаваат чешнињата лук.

2. Се сушат во рерна на 100 степени целзиусови околу 2-3 часа, можете да ги сушите и на сонце во континутет од неколку денови или во дехидрататор според упатството на производителот.

3. Се редат во тегла заедно со лукчето и сецкан босилок, а потоа се налеваат со маслиново масло и се натискуваат.

4. Се чуваат во фрижидер.

Забелешка: Со процесот на сушење количините на ликопен во доматчињата расте и фитонутрициенсите стануваат поконцентрирани.