Веге компир по Македонски

Многу вкусен ручек… може како прилог да се додаде и туршија во зимски услови. А за месарите и некое месо по вкус.

 
  • 500г компир
  • 3-4 кромидки…големина од око
  • 200г кравјо сирење (може било какво, а може и со урда)
  • 2дл млеко
  • 1 јајце
  • неколку суви пиперки
  • крупна морска сол и бибер по вкус
  • маслиново масло
  • нане по желба
 

Подготовка

1. Компирот и кромидот се сецкаат на кругови, се ронат пиперката и сирењето, а јајцето се мати заедно со млекото.

2. Ватростално тафче се премачкува со малку масло каде прво се редат компирите, а потоа кромидот. 

3. Сирењето и пиперките се истураат одозгора.

4. Се реди уште еден ред компири. 

5. На крај, содржината се полева со изматеното јајце и млеко. 

6. Се наросува со малку нане. (мирудија по желба)

7. На крај се додаваат сол и бибер, но секако не треба да се претерува.

8. Садот се покрива и се става во загреана рерна на 250 степени каде се пече 15 минути.

9. Потоа се намалува на 200 степени и се пече додека не пожолтат компирите (проба-боцни компирче)