Печена пастрмка – Летна шема

Лесен ручек со „рибешко” доколку сакате да додадете протеин и омега 3 на вашата трпеза. 

 
  • 2 пастрмки
  • 2 лимони
  • китка магдонос
  • 4 чешниња лук
  • 1 кромид
  • неколку ливчиња нане
  • маслиново масло
  • бибер
  • 1 лута пиперка
  • гранче рузмарин
  • млади печени компири
 

Подготовка

1. Рибата се пече во рерна под фолија.

2. Кога ќе се испече се прелива со сокот од лимон и со сите останати состојки.

3. Десетина минути треба да отстои, а потоа се реди во порција со сите состојки и парчиња лимон.

4. Додатокот е по ваш избор. Ние испековме млади мали компири во тава со сол и малку масло. 

*пастрмката не е посолена ни пред ни по печењето, а е многу вкусна и ароматична