Слатки интегрални топчиња
Без печење и секогаш при рака во фрижидер.
- 300 грама малтекс
- 200 грама мелени кикирики
- 100 грама семки од сончоглед
- 100 грама сусам
- 150 грама овесни снегулки
- 50 грама темно чоколадо
1. На тивок оган и во подлабок сад се растопува малтексот.
2. Се додаваат сувите состојки и се меша се додека не се добие рамномерна смеса.
3. Садот се трга од оган и кога смесата ќе достигне погодна температура со раце се формираат топчиња.
4. Бомбичките се оставаат на ладно за да се стегнат.
Совет: При формирање на топчињата, навлажнете ги рацете.